ВНИМАВАЈТЕ: Опасната бактерија Листерија нападна и во Охрид

 

Од Центарот за јавно здравје Охрид информираат дека засега во Охрид е регистриран еден случај на пациент кај кого лабораториски е потврдено присуство на бактеријата листерија Како што пренесува Охридњуз, се работи за 60- годишна жена која по лекувањето во Скопје, е пуштена дома и е во добра здравствена состојба.

Инаку, за жал во текот на ноќта почина пациентката со листериозен менингоенцефалит, што подолг период се лекуваше на одделението за интензивна нега на Клиниката за инфективни болести-Скопје. 

Пациентката, како што се наведува, била хоспитализирана на 7 јуни на одделот за интензивна нега на Инфективната клиника со главоболка, повраќање, покачена температура и други потешкотии, кои започнале една недела пред прием на клиниката. Веднаш е отпочнат третман со антибиотска терапија, антиедематозна, диуретска, антикоагулантна, антиулкусна и останата супортивна терапија. Дошло до одредено подобрување на нејзината здравствена состојба, но во текот на вчерашниот ден настапува нагло влошување на состојбата со застој на срцето и покрај преземените мерки за интензивно лекување, во текот на ноќта состојбата се влошила и констатирана е смрт.

23.07.2014 - 11:51
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега