Си го застрелал братучедот - крвава драма во гостиварско
Шеесет и пет годишниот жител на гостиварско Чегране, Џ.Р. бил застрелан во нога, откако кон него пукал неговиот роднина и сосед, 57-годишниот И.Р.
На пукањето му претходела бурна расправија на двајцата роднини околу градежни активности на просторот помеѓу нивните куќи. Кавгата, во еден момент излегла од контрола и кулминирала кога гостиварчанецот го ранил својот братучед.
На повредениот му е извршена хируршка интервенција и е пуштен на домашно лекување.
Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар извршиле комплетен увид, пронајден е пиштолот „Застава“ со непознат калибар од кој се претпоставува дека е пукано и даден е на вештачење.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа