Вељаноски ќе ја отвори петтата годишна конференција на иселенички организации

 

Во организација на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, денеска и утре во Скопје ќе се одржи Петтата годишна конференција на иселеничките организации која ќе биде отворена од страна на собранискиот спикер Трајко Вељаноски.

Учесниците на форумот ќе дебатираат на темата чување и негување на македонскиот јазик и култура, како и за јазикот и културата на припадниците на заедниците во Република Македонија кои не се мнозинство и поддршка на конкретни проекти и активности на иселениците и иселеничките организации од страна на надлежните државни органи, како и за државјанство и избирачко право, организираност и поврзаност на иселениците од Македонија и нивните организации во светот и нивна соработка со Агенцијата за иселеништво на Република Македонија и организирање на форуми на иселеници според одделни професии, и остварување на пензиско право на иселениците.

На свеченото затворање на конференцијата на иселенички организации претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ќе им доделени одликувања и признанија "Македонија памти" на физички и правни лица од иселеништво за особени заслуги и достигнувања за афирмација на Република Македонија во светот, во сите области на општествено делување. 

23.07.2014 - 09:27
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега