Продолжува лошото време - силен дожд и утре

 

Продолжува нестабилното време во Македонија. Утре не очекува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд кои попладне на повеќе места ќе бидат поројни.

Ќе дува северен ветер кој повремено ќе се засилува. Можна е и изолирана појава на невреме со град.

Температурата ќе се движи од 24 до 30 степени. Во Скопје слично време, со температура до 27 степени. УВ-индексот ќе изнесува 6.

 

Во наредните денови во попладневните часови се уште ќе има локализирана појава на пороен дожд и грмежи, но претпладне ќе биде претежно сончево, а температурата повторно ќе биде во пораст.

22.07.2014 - 22:25
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега