Повеќе скопски населби утре без струја
Корисниците од улицата „Бутелска“ утре од 8 до 15 часот ќе останат без струја, а 8 до 16 часот дел од корисниците од Арачиново, кај полициската станица. Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето закажани технички зафати од страна на ЕВН Македонија АД.
Во периодот од 9 до 11 часот без струја ќе бидат корисниците од булеварот „Партизански Одреди“ бр.119, блок бр.6 во општина Карпош.
Од 9 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „500“ и околните улици во населбата Илинден, а од 9.30 до 15.30 часот дел од корисниците од улицата „4“ во Бардовци.
Во периодот од 12 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „20“ во Сарај.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа