Куманово: Си го тепал семејството но тој завршил во болница

 

Кумановчанецот Љ.Ф(43), на 4. мај годинава се збеснал и направил хаос во семејната куќа.

Од МВР информираат дека Љ.Ф. дошол пијан во семејната куќа  на ул,. „Ѓуро Ѓаковиќ“ во Куманово и без никаков повод и причина физички ги нападнал своите родители. Во моментот кога неговиот син се обидел да стави крај на физичката пресметка, бесниот Љ.ф. го скршил стаклото на влезната врата и самиот се повредил. 

Кумановчанецот, информираат од полицијата, заработил кривична пријава за „загрозување на сигурноста“.

најчитано сега