ФОТО: Циклонот Клара ја зафати и Битола

 

Врнежи од  дожд  уште  од  раните утринските  часови и донесе  на  Битола ,  Циклонот  Клара ,кој  синоќа  го зафати и Скопје. Засега  без  ветер,  дождот  продолжува да  паѓа  во Градот на  Конзулите, јавува локалниот портал Шеталиште.

Невреме вчера ги зафати останатите делови од  Македонија. Според Управата за хидрометеоролошки работи, во изминатите 24 часа се наврнати 13 литри на метар квадратен во Скопје на Зајчев Рид, 12 во Куманово, три во Крива Паланка, Тетово и во Дебар, два во Маврово и еден литар на метар квадратен во Скопје – Петровец и во Штип. Во другите места каде што се врши мерење наврнатите количини се помалку од литар или, пак, немало врнежи.

Денес  времето  ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд и грмежи. Во попладневните часови ќе има поинтензивни процеси со услови за појава на невреме со град и силни електрични празнења, особено во северните и североисточните делови каде се очекува да наврнат повеќе од 25  литри дожд на метар квадратен.

22.07.2014 - 10:57
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега