Одложено судењето за кражбата во Музејот на Македонија

 

Судењето за кражбата во Музејот на Македонија кое требаше да се случи денеска е одложено по барање на одбраната, која посочи дека  не ги добила доказите  добиени во предистражна постапка.

Инаку, за кражбата во Музејот на Македонија која се случи во ноември минатата година се товарат седум лица за отуѓување културно наследство од особено значење во држава сопственост, несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување и прикривање.

За потсетување, во Музејот на Македонија недостасуваат 166 вредни артефакти.

21.07.2014 - 12:31
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега