Пратениците и денеска ќе расправаат за законот за абортус

 

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 62. седница. На дневен ред  на денешната седница се закони по скратена постапка.

Пратениците треба да се изјаснат за Предлог законот за прекинување на бременост, за измените и дополнувањата на Кривичниот законик, на Законот за државните службеници, на Законот за јавните службеници, на Законот за земјоделско земјиште, на Законот за акцизите, на Законот за здравствена заштита, како и за Предлог на законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост.

На дневен ред се и Законот за престанување на важењето на Законот за адвокатски маркички, Предлог законот за финансиската инспекција во јавниот сектор и Предлог на законот за филмската дејност, сите по скратена постапка. 

најчитано сега