Какво време не очекува деновиве?

 

Времето утре ќе биде сончево и потопло со мала облачност. Kон крајот на денот, ќе се прошири облачноста од северозападните делови, и преку ноќта во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Температурата ќе се движи од 25 до 36 степени.

Во Скопје и околината слично време со температура до 33 степени.

УВ индексот ќе изнесува осум.

Во вторник од пладневните часови ќе биде нестабилно проследено со пороен дожд и грмежи и ќе дува повремено засилен јужен ветер. Нестабилно во попладневните часови ќе се задржи до крајот на работната недела

20.07.2014 - 15:23
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега