Денеска е Св. Недела - за многу години

 

Денеска е  Св. великомаченица Недела. Празник на честа, посветеноста на вера и вербата.  Света Недела е голем христијански празник посветен на маченицата Недела, се празнува на 20 јули. Св.маченица Недела е секогаш на една иста дата, а секоја година го менува денот.  Света Недела (името е превод на грчкото Кириакиа) се родила во Мала Азија и живеела за време на царувањето на Диоклецијан. Се родила како дете измолено од Бога, бидејќи нејзините родители Дорортеј и Евсевија долго време немале деца. Кога пораснала се развила во убава девојка, а телесната убавина ја дополнила со убавината на душата што ја беше стекнала преку постојан внатрешен, невидлив подвиг. Нејзината убавина привлекувала многу просители, но таа одбивала да се врзе со некој друг освен со Христос. Еден од одбиените просители, откако во себе ги разбудил злите мисли, ги поткажал пред властите света Недела и нејзините родители како христијани. Сите биле изведени на суд, мачени и најпосле погубени. Тоа се случило во 289 година во Никомидија. http://ow.ly/zmjXn

20.07.2014 - 11:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега