Пораст во млечната индустрија во изминатите 5 години

 

Млечната индустија во последните пет години бележи постојан пораст.Зголемување на сточниот фонд, изградба на сопствени фарми, воведување нови технологии се само дел од инвестициските потфати на домашните млекарници со цел зголемување на производството на млеко, пишува Лидер. Во последните пет години тоа доведе до зголемување на откупот на млеко во земјава.

Во 2013 година произведени 380, 7 милиони литри кравјо млеко

Според податоците на Државниот завод за статистика објавени во последната годишна публикација за сточарството, во 2013 година во Македонија од земјоделците и земјоделските комбинати се произведени вкупно 380,7 милиони литри кравјо млеко, што е зголемување за 8,8% споредено со 2012 година, кога производството на кравјо сурово млеко изнесувало 349,7 милиони литри. Споредено со 2009 година, кога биле произведени 242,6 милиони литри, статистиката покажува зголемување на млекопроизводството за 11,1%. Во исто време пораснал и приносот на млеко по молзна крава од 2.928 литри на 3.009 литри сурово кравјо млеко.

Кравите во фарма даваат повеке млеко од кравите на индивидуалните фармери

Според податоците во публикацијата, во 2013 година најголемиот дел од кравјото млеко е произведен од индивидуалните фармери, на сметка на земјоделските комбинати, додека, пак, приносот по молзна крава е далеку поголем кај големите фарми отколку кај индивидуалните фармери. Минатата година крава одгледувана во модернизирана краварска фарма давала по 5.270 литри млеко годишно, додека кај индивидуален фармер каде што условите за одгледување се полоши годишниот принос по молзна крава изнесувал 3.266 литри сурово млеко.

Во полошкиот регион има најголемо производство на млеко

Најголемо производство на кравјо млеко има во Полошкиот регион, каде што минатата година се произведени 105,88 милиони литри, по што следи Пелагонија со 103 милиони литри кравјо млеко и трет е Скопскиот регион.Притоа, просечните откупни цени на кравјото млеко во 2013 година се повисоки за 3,82 денари за килограм или за околу 24% во споредба со 2010 година.

Од поголемите млекарници во земјава велат дека само преку инвестиции може да се зголеми сточниот фонд и да се дојде до поголемо и поквалутетно млеко во земјава. Млакара Битоа на пример досега има набавено 1.200 јуници, кои им се доделени на кооперанти, а како резултат и на инвестиции во технолошки системи во фармите, откупот е зголемен за 15 % .

Целиот текст прочитајте го на Лидер.

20.07.2014 - 10:25
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега