Времето се менува: Од утре невиден пекол и тропски температури

 

Во Македонија во недела ќе биде претежно сончево, топло и ветровито. Попладне услови за слаб локален дожд ќе има во крајните источни предели. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури од 10°C до 21°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 26°C до 36°C. УВ индекс 8, јавува порталот Weather4all

Во Скопје во недела ќе биде претежно сончево, топло и ветровито. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 18°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 34°C. УВ индекс 8.

Во понеделник тропски ден, ќе биде сончево и топло. Во доцните попладневни часови постепено зголемување на облачноста, кое во доцните вечерни часови и во текот на ноќта ќе донесе врнежи од дожд. Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува слаб југозападен ветер. Утринските температури од 10°C до 21°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 27°C до 37°C. УВ индекс 9.

Во вторник во Македонија ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Слаб ветер од променлив правец, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 12°C до 23°C, а дневните температури ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од 23°C до 33°C. УВ индекс 4. 

19.07.2014 - 21:14
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега