Шиповиќ гласаше против - ДУП-овите во Центар усвоени

Советот на општина Центар на денешната 23-та по ред седница ги изгласа Предлог-одлуките за донесување на Детален урбанистички план за локалитетите Капиштец и Тасино Чешмиче.

ДУП-овите беа усвоени со 11 гласови „за“ и еден против. Против изгласувањето на точките гласаше претседавачот на Советот Мирослав Шиповиќ. На денешната седница беше усвоена и Предлог-одлуката за доделување на парични средства на Кик-бок клубот „Водно - Кик“, предложена од Шиповиќ.

Останатите точки од Дневниот ред од прва до 12-та поради неприсусто на предлагачот Андреј Жерновски на Седницата, беа одложени.

За разгледување на одложените точки од Дневниот ред ќе биде закажана дополнителна седница.

19.07.2014 - 10:46
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега