Кои скопски улици во понеделник ќе бидат без струја?

Жителите кои се лоцирани  покрај патот за Радишани и од улицата „Бутелска“ в понеделник од 8 до 15 часот ќе бидат без струја.

Од 8 до 10 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците околу ТЦ „Чаирчанка“, а од 8 до 16 часот дел од корисниците од селото Арачиново.

Во периодот од 9.30 до 14 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од селата Радуша, Дворце, Орашје, Копаница, Бојане, Рашче, Долно и Горно Свиларе во општина Сарај, а од 8.30 до 10 часот Радио Предавател Хиподром во општина Гази Баба.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електричана енергија е изведувањето зафати во дистрибутивната мрежа од стран на ЕВН Македонија. 

18.07.2014 - 18:09
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега