МНР со препорака: Еве каде да избегнувате да патувате
Поради нарушување на безбедносната состојба, ракетните напади од појасот Газа кон делови на Израел и операцијата на израелската војска која е во тек, македонското Министерство за надворешни работи им препорачува на граѓаните на Република Македонија да се воздржат од патување во подрачјата во близина на 50 километри од појасот Газа.
- Со оглед на сигналите за воздушна опасност во Тел Авив и Ерусалим, им препорачуваме на нашите граѓани зголемена претпазливост, претходно информирање и стриктно придржување до упатствата и инструкциите на локалните власти. Исто така се препорачува внимателност при задржување на места со поголема концентрација на луѓе, се наведува во соопштението од МНР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа