Македонските писатели подарија книги за социјално ранливите категории
Македонските писатели преку проeктот на Министерството за труд и социјална политика „ Подари книга“ подарија книги за социјално ранливите категории.
Писателите Санде Стојчевски, Бранко Цветкоски и Марта Маркоска денеска во Македонска пошта ги донираа своите книги.
-Дојдов со задоволство да ја поддржам акцијата на МТСП „ Подари книга“ затоа што сметам дека местото на книгата е во секој дом, кај секој љубопитен читател и со оваа акција книгата ќе допре до оние навистина љубопитни читатели кои од разни околности и причини не можат да си ја набават истата, истакна писателот Санде Стојчевски, пренесе Курир.
И писателот Бранко Цветкоски ја поддржа оваа акција и ги повика сите граѓани кои имаат можност да подарат книги за лицата кои не можат самите да си ги набават.
-Како писател кој што своите 40 прекрасни години ги подарив на творештвото и литературата како занесеник во книгата и професионално како издавач и како библиотекар навистина кога разбрав за оваа акција бев пријатно изненаден и многу ја поздравувам затоа што кога ќе ги споредуваме храните во живото што е она што не храни во животот, да не заборавиме дека сите своите големи планови во животот ги остваруваме првин учејќи од книгата, истакна Цветкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа