Вевчанските извори и црквите - најпривлечни за туристите во Струшко

 

Туристите кои годинава одмараат на струшкото крајбрежје покрај за плажите голем интерес покажуваат и за посета на црквите, музеите и културните настани. Ова го изјави Валентина Переска од подрачната единица на Агенцијата во промоција и поддршка на туризмот во Струга.

- Поголем дел од туристите се интересираат за културните настани. Ги посетуваат пештерските цркви со кои изобилува регионот, патот Виа Игнација, изворите во Вевчани, музејот „Д-р Никола Незлобински“, кој е најстар во Македонија. Странските гости меѓу кои најприсутни се холанѓаните се импресионирани од црквата „Света Богородица“ во Калишта и пештерската црква „Свети Архангел и Михаил“ во Радожда, како и убавината на Вевчанските извори, вели таа, пренесе МИА.

Туристичките работници во своите аранжмани нудат и посета на алтернативни места, што претставуваат атракција за гостите, кои одмараат на струшката ривиера. Покрај природата и гостопримството, според угостителите, гостите ги привлекуват и новите идеи и креативните понуди.

18.07.2014 - 10:16
Фото: 
региони
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега