Честитки до министерот Јолевски за стапување на функцијата министер за одбрана

 

Министрите за одбрана од регионот и од останатите земји-партнери и поддржувачи на Република Македонија упатија честитки до министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, за стапување на оваа функција.

Министрите укажуваат на одличната соработка која ја имаат со Република Македонија на полето на одбраната и безбедноста, со надеж дека истата ќе продолжи да се развива и продлабочува и во иднина.

Министерот Јолевски им се заблагодари на министрите за одбрана на СР Германија, Франција, Австрија, Бугарија, Словенија, Албанија, Црна Гора, НР Кина, Косово и Катар за поддршката на нашата земја и им порача дека Република Македонија останува исклучително посветена на развојот на меѓусебната соработка, како единствен начин на одржување на мирот, безбедноста и просперитетот во регионот, Европа и светот. 

18.07.2014 - 09:59
Фото: 
нетпрес
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега