Ќе засвети клучката кај Вевчани

 

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Љупчо Георгиевски и градоначалникот на општина Вевчани Цветомир Угриноски денеска ќе го пуштат во употреба осветлувањето на крстосницата кај влезот на Вевчани во местото викано Суво Поле.

- Суво Поле е битно за цел Дримколски регион, бидејќи раздвиженоста е голема. Тука има две автобуски сатници за Струга и Дебар. Со осветлувањето на клучката ќе се обезбеди поголема безбедност за граѓаните и можност да патуваат во подоцните часови, смета Угриноски.

Осветлувањето е дел од проектот „Осветлување на клучки и крстосници во Република Македонија“.

18.07.2014 - 09:19
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега