Времето не се погоди за капење - еве што ќе се случува со температурите
Времето утре претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во текот на денот облачноста ќе се зголемува и околу пладне и попладне повторно ќе се развива нестабилна облачност која ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Нестабилноста најпрво и во претпладневните часови се очекува да биде застапена во западните делови, а потоа ќе се прошири и во другите подрачја. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец, само на повисоките места и на планините повремено ќе се засилува.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 18, а дневната од 26 до 33 степени.
Во Скопје и претпладне и попладне ќе има услови за локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 30 степени.
Во охридско-преспанскиот ргион времето ќе биде сончево, но околу пладне и попладне повторно ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и со грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 26 степени.
Во дојранскиот регион времето ќе биде претежно сончево со умерен ветер од северен. Во попладневните часови се очекува нестабилна облачност со пороен дожд и со грмежи. Температурата ќе достигне до 32 степена.
УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во наредните денови ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, но во попладневните часови повторно ќе биде нестабилно облачно со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.
Засега само в недела се очекува стабилно време, но температурата во овие денови што следат ќе биде во постепено покачување.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа