Директорка на градника на тендер купила 600 шишиња алкохол

Директорката на Центарот за педагошко воспитување и образование Бања Лука, Наташа Радулович, распишала тендер за набавка на храна за градинката, а на пописот на неопходни намирници се нашле и 600 шишиња алкохол.

Директорката побарала понуди за 234 шишиња вино, 72 штока и 15 гајби пиво. Во тендерската документација меѓу прехрамбените продукти за припрема на јадења за децата, се бара понудувачот да достави и 90 литри црно вино, 72 шишиња бело вино Крстачч, исто толку шишиња Шардоне, 72 лити шток и 360 пива( 0.33 ).

Во градинките во Бања Лука престојуваат 2 150 деца, а како дел од потребните материјали за градинките во распишаните тендери се бараат и стотина свеќи.

Инаку директорката Радулович чиј мандат е при крај, го распишала овој тендер вреден околу 2 милиони евра за набавка на намирници за следните три години.

Помошник директор за финансии на Центарот за педагошко воспитување и образование Бања Лука, Момирка Митрович, на прашањето зошто градинката купува 666 шишиња алкохол, одговорила дека за него има потреба како и за тоалет хартија.

17.07.2014 - 13:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега