Еве што ќе се случува денеска во рамки на Скопско Лето

Во Даут пашин амам вечер, во рамки на Скопско лето, гостува Културно-уметничкиот центар на Бугарија со концерт по повод 100 години од раѓањето на маестро Борис Христов.

Покрај басистот Пламен Бејков, последниот ученик на Христов, ќе настапат и Пламен Кумпиков и Александар Носиков, исто така басисти, како и пијанистката Борјана Ламбрева. На програмата се Верди, Мусоргски, Росини, Христов и Ненов.

По концертот ќе биде прикажан и видео записот за животот и делото на Борис Христов изработен од Елена Драгостинова.

17.07.2014 - 09:40
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега