Паника во Грција: Експлодираше бомба пред ресторан во Атина
Бомба експлодира рано утринава во влезот од ресторан во атинската населба Неа Еритреа, јавија грчките медиуми.
Во експлозијата нема ранети, туку само е предизвикана материјална штета како врз ресторанот, така и врз пет паркирани автомобили во непосредната близина, пренесе МИА.
Ова е втора експлозија за два месеца во ресторанот „Ла скала“, откако на 15 мај моќна експлозија на истото место предизвика материјална штета врз зградата, шест автомобили и еден мотоцикл.
16.07.2014 - 13:44
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа