Страшна несреќа: Почина 10 годишно дете играјќи криенка - се сокрило во буре

Страшна несреќа викендов ги потресе жителите на српското место Невесињ. 10 годишно дете починало откако се загушило во пластично буре, пренесува Вечерње новости. Детето заедно со врсниците играло криенка пред дворот на сопствената куќа. За да се сокрие од другарите, тоа влегло во едно буре оставено во дворот на куќата и се затворило одвантре. По кратко време останало без воздух, па неможејќи да излезе се задушило и починало.  Другарите долго време го барале но на крајот се откажале, помислувајќи дека 10 годишникот си заминал дома без да им каже. Паниката настанала кога вечерта, тој не се вратил дома. Неговите родители во шок го пребарале целото место. На крајот го нашле во бурето. Се обиделе да го реанимираат но без успех, детенцето веќе било мртво.

15.07.2014 - 23:16
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега