Проверете дали утре ќе бидете без струја

Корисниците лоцирани на улиците „Пере Тошев“, „7 Јули“ и „Прохор Пчински“ во општина Чаир утре од 9 до 12 часот ќе бидат без струја.

Во периодот од 8 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Лазо Трпчевски“ во општина Чаир, а од 7 до 15 часот дел од жителите од селото Студеничани.

Од 8 до 15 часот без струја ќе бидат жителите од населено место Бел Камен, општина Бутел, од 12 до 15 часот жителите од населбата Гоце Делчев, а од 9 до 16 часот дел од корисниците од селото Арачиново.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електричана енергија е изведувањето зафати во дистрибутивната мрежа од стран на ЕВН Македонија.

15.07.2014 - 16:16
Фото: 
Новамакедонија
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега