Семките од лубеница лечат многу болести
Дознајте колку семките од лубеницата може да бидат корисни за нашето здравје.
За да може да се искористат сите лековити својства од семките потребно е да сомелат или испечат. Семките од лубеница содржат диететски влакна неопходни за нормално функционирање на дигестивниот тракт, помагаат при појава на цревни паразити, како и при лечење на заболени од жолтица, водени болести и воспаление во организмот.
Во кинеската народна медицина токму семките од лубеница се користат како најголем лек против камен во бубрегот. Семките се полни со магнезиум и калиум, состојки кои се моќни борци против оваа болест.
Семките од лубеницата се користат и за правење на лек кој помага во борбата против бактеријата Ешерихија Коли.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа