ВИДЕО: Дала цело богатство да личи на Ким Кардашијан

24- годишната Клер Лисон  тврди дека потрошила многу пари за да изгледа баш како славната ѕвезда од реалните шоуа Ким Кардашијан.

Девојката која посакала да има нос, уста, задник и гради како Ким тврди дека на пластични операции и шминка потрошила повеќе од 20.000 евра.

"Ги избелив забите, па ги оперирав градите и додадов силикон во задникот... Потоа му покажав на својот хирург фотографија од Ким Кардашијан и му реков дека сакам да изгледам баш така", вели Клер, која на овој чекор се одлучила за да ја зголеми самодовербата, бидејќи врсниците ја малтретирале во училиште.

Клер вели дека се делува доста природно на неа, но смета дека никогаш нема да може да има толку голем задник како на Ким.

"Идејата да личам на неа ја добив кога го гледав нејзиното реално шоу. Сфатив дека поминуваме низ слични работи. Помислив: Колку е убава! И посакав да бидам како неа", додава Клер.

15.07.2014 - 11:24
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега