Тодоров договори соработка со Универзитетскиот медицински центар во Љубљана

 

Министерот за здравство Никола Тодоров во текот на вчерашниот ден се сретна со менаџерскиот тим на Универзитетскиот медицински центар во Љубљана, медицинскиот директор проф д-р Сергеј Хоркеј и со генералниот директор Симон Врхунец. Медицински центар во Љубљана е најголема болница во Словенија, една од најголемите во регионот со повеќе од 100.000 болнички пациенти и повеќе од 750.000 амбулантски лекувања на годишно ниво во сите медицински специјалности.

На средбата се договорени неколку клучни аспекти на соработка, како што се реализирање на едукации на наши доктори во Медицинскиот центар во Љубљана од сите области во медицината, како и повеќемесечен стручно-научен престој на професори од овој Медицински центар во Република Македонија, и престој на нивни доктори и професори за воведување нови методи и техники кај нас.
На средбата е договорено и потпишување заеднички Меморандум за соработка во областа на здравството, почнувајќи од септември годинава на доедукација ќе биде испратена првата група македонски доктори кои ќе бидат вклучени во работата на сите клинички оддели во Универзитетскиот медицински центар во Љубљана.

Министерот Тодоров работната посета денеска ја продолжува во Франкфурт, Германија, каде се планирани посети на повеќе врвни здравствени установи, меѓу кои Универзитетска болница во Франкфурт, клиниката Хајдекреис со болниците во Солтау и Валсроде, каде ќе бидат потпишани Меморандуми за соработка во областа на здравството.

15.07.2014 - 09:54
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега