Во април зголемен бројот на работници во индустријата и рударството
Државниот завод за статистика денеска објави дека бројот на работници во индустријата во април е зголемен за 0,2 проценти во однос на истиот месец минатата година.
Пораст на бројот на работници за 8,5 проценти е забележан во секторот Рударство и вадење камен и за 2,1 процент во секоторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација. Намалување на бројот на работници од 0,6 проценти има во секторот Преработувачка индустрија.
Според главните индустриски групи, пораст на бројот на работниците во индустријата има кај Енергија за 7,9 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,6 проценти, додека опаѓање има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2,7 отсто, Капитални производи за 3,5 отсто и Трајни производи за широка потрошувачка за 0,9 отсто.
Во периодот јануари - април во однос на истиот период минатата година има зголемување на бројот на работници во индустријата за 0,7 проценти.