Зголемен бројот на полнолетни криминалци во Македонија
Во Македонија минатата година е зголемен бројот на пријавени полнолетни лица сторители на кривични дела за 5,8 проценти во споредба со 2011 година.
Според податоците на Државниот завод за статистика објавени денеска, бројот на осудени полнолетни лица е намален за 7,8 проценти, а бројот на обвинети лица е намален за 7,4 проценти.
Бројот на пријавени малолетни лица сторители на кривични дела е намален за 13,9 проценти, а намалување од 23 проценти има и кај осудените лица.