Погребан пилотот Марјан Трајковиќ

 

Со сите полициски и црковни почести, денеска на градските гробишта во Куманово беше погребан пилот - капетан, Марјан Трајковиќ, кој загина во хелихоптерската несреќа која се случи во четвртокот кај Струмица.

Од капетанот Трајковиќ се простија, семејството, роднините, пријателите, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, колегите, припадници на МВР...

Говор во чест и спомен на Трајковиќ одржа началникот на СВР Штип, Јордан Ламановски кој потенцираше дека професионалци како него не се забораваат туку тие оставаат неизбришлива трага во Министерството.

Пилот капетан Марјан Трајковиќ, роден е 1967 година во Куманово. Тој своето образование го продолжил како питомец на воздухопловната академија во Мостар и потоа дипломирал на воена воздухоплованата академија во Задар, Хрватска во 1991 година. 

13.07.2014 - 15:39
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега