Трагично загина човек на плажа во Охрид
ПАраглајдерист загина во несреќа која се случила денеска околу пладне во Љубаништа, пишува OhridNews. Според неофицијалните информации на порталот, параглајдеристот бил унгарски државјанин.
Според очевидците, пренесува порталот, параглајдеристот најверојатно имал проблеми со леталото и од голема висина паднал во вода, на околу 30-тина метри од брегот. Тој веднаш бил изваден на брегот и отпрвин давал знаци на живот, бил контактибилен и разговарал со спасители. Кога пристигнала Брзата помош, параглајдеристот ја изгубил свеста. Лекарите се обиделе да го реанимираат, но, за жал Унгарецот починал.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа