ВИДЕО: МВР крајно професионално си ја заврши работата
Министерството за внатрешни работи уште еднаш се покажа на ниво на задачата и покрај провокациите на дел од демонстрантите кои и денес протестираа за случајот „Монструм“.
Одредени радикали кои беа дел од протестот со фантомки на лицата се обидуваа да направат инциденти фрлајќи камења кон полицијата, додека мнозинството од насобраните луѓе протетсираше мирно. Општата слика е дека денот помина мирно и покрај сите провокации и најави, а полицијата демонстрираше како професионално си ја врши својата работа.
И во моменти кога дел од топлата со камења удри по полицијата, полициските службеници не реагираа. Барањето од страна на организаторите протестот да се прекине, предизвика негодување кај најрадикалните демонстранти кои одбија да се повлечат и беа упорни во намерата да се судрат со полициските службеници. Но, залудно.
Очигледно е, после ваквата ситуација, дека со плод вродија и политичките апели за смирување на страстите, како и изјавите дека нема да има толеранција кон некој кој сака да демонстрира насилство.
Денешната слика од теренот е само доказ дека доколку протестот се одвива мирно нема да има никаков проблем со полицијата која знае како да постапува и да си ја врши работата, но ако истиот е радикален и екстермен тогаш МВР како и секаде во светот ќе реагира и ќе ги превземе сите мерки за да ги обезбеди граѓаните и институциите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа