Што ќе се случува со температурите викендов?
Времето во Македонија утре претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне во северозападните и северните делови ќе има локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од девет до 16, а дневната од 24 до 31 степен.
Во Скопје времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне со услови за слаб дожд. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 28 степени.
Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во охридско-преспанскиот регион времето ќе биде сончево со умерена облачност и со температура до 25, а во дојранскиот температурата ќе достигне до 30 степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа