ВИДЕО: „ Јас го можам тоа! Можам!“ - ова ќе ви го скрши срцето

Кајден Елија Кинкил, е роден пред две години во Њу Џерси со многу ретко телесено пореметување, наречно омфалокел. Неговите нозе и стапала му биле обвиткани со папочната врвка, поради кои се родило сo неколку деформитети.

На почетокот на оваа година, односно во јануари на Кајден му го ампутирале десното стапало и левата нога. По неколку месеци откако рехабилитацијата била завршена, на Кајден му бие ставени протези, па откако се привикнал на нив, успеал да ги направи првите чекори.

Додека за прв пат зачекорувал, постојано се охрабрувал, „ Јас го можам тоа! Можам!“ , биле зборовите кои ги повторувал.

11.07.2014 - 11:30
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега