Груевски: Апелирам за мирно и разумно однесување до сите граѓани
Претседателот на Владата Никола Груевски апелираше граѓаните да не потпаѓаат на дневни манипулации и внимателно да ги следат настаните поврзани со случајот „Монструм“.
- Апелирам до граѓаните коишто не се дел од оваа помала група на верски фанатици и радикали под влијание на други подалечни држави и со други цели, ним им апелирам внимателно да го следат процесот, да не потпаѓаат под дневни манипулации на одредени портали или поединечни новинари или медиуми. Некогаш и тие се заведени, некогаш се и дезинформирани, рече Груевски, кој вечерва имаше интервју за втората програма на Македонската телевизија.
Треба многу внимателно секој да проценува пред да донесе заклучок, посочи премиерот, изразувајќи убедување дека времето ќе докаже кој бил во право.
- Убеден сум дека времето ќе докаже кој е во право дали е судот во право или групата насилници коишто се обидоа и повредија многу полицајци. Меѓу повредените полицајци имаше и многу Албанци, рече премиерот Груевски
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа