Се качил на таван и си го видел братот како лежи мртов - детали за трагедијата во Србија

Уште еден ужас ја потресе Србија. Вчера наутро младо момче си го пронајде своето братче мртво на таван.

Според податоците на српскиот Ало, се работи за 14-годишниот П.В. од Чачка кој го пронашол неговиот брат Златко кој се вратил од работа. Бидејќи во кујната го видел неговиот телефон, мислел дека е дома, но откако неколку часа го немало, се сетил дека може да биде на таванот.

- Се качил на таванот и со светлото од мобилниот го видел својот брат како лежи на подот. Се обидел да го реанимира, но дететто не давало знаци на живот. Веднаш биле повикани и Брза помош и полиција, но и тие ништо не успеале да направат.

Полицијата не пронашла ништо што би можело да укажува на самоубиство. Немало алкохол, дрога, апчиња...ниту траги од насилство. 

Истрагата е во тек.

10.07.2014 - 10:19
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега