Филе во неофицијална посета на Белград

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе ќе допатува вечерва во Белград, јаву Танјуг повикувајќи се на извори во Европската комисија.

Посетата на Филе е неофицијална, а во Белград тој ќе се задржи на патот за Котор, каде утре се одржува неформален состанок на шефовите на дипломатиите на земјите од Западен Балкан.

Изворите од ЕК изјавиле дека за вечерва не се предвидени официјални средби. 

Според Б92, Филе за време на престојот во Белград неформално ќе се сретне со премиерот на Србија, Александар Вучиќ. 

Од Котор комесарот ќе продолжи за Дубровник, каде ќе се одржи самит на шефовите на држави или влади од регионот.

09.07.2014 - 18:31
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега