"Беше гневен, ме удираше и кубеше " - Србинка киднапирана во Дубаи

28-годишниот Канзас С. завршил на суд поради обвинение дека пијан не и дозволувал да излезе од автомобилот на Србинката С.Б. (28), покрај тоа ја удирал по главата и по телото нанесувајќи и повреди бидејќи му се спротиставила.

-Ми удираше шлаканици, ме удираше по глава и ми искина неколку прамени коса. Не ми дозволуваше да излезам од неговиот автомобил па морав да скокнам. Беше толку лут и насилен што мислев дека нема да извлечам жива глава од таа ситуација, изјавила пред судот во Дубаи Србинката С.Б. која минатата година ја киднапирал и ја претепал Канзас С. (28), кој инаку е царински инспектор од Обединетите Арапски Емирати.

Србинката која работи во една компјутерска компанија ја преживеала оваа филмска драма откако прифатила да излезе со Канзас на вечера.

-На 23-ти август 2013-та година Канзас ме покани на вечера преку телефон. Прифатив и го паркирав својот автомобил за да одиме со неговиот. Вечеравме во хотелот “Dubai Festival City”, a Канзас цело време пиеше алкохол”, изјавила С.Б. на судењето кое започна во понеделникот во Дубаи.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека Амбасадата на Република Србија во Абу Даби со случајот на С.Б. се запознала преку дневните весници во ОАЕ.

-Досега за помош во амбасадата не се обратила ниту една државјанка на Србија, но амбасадата настојува преку контакт со надлежните органи на ОАЕ или преку други начини да дојде до сознанија неопходни за да обезбеди конзуларна помош и заштита на своите граѓани, наведуваат од министерството.

Кога околу 23:00 часот го напуштиле ресторанот, С.Б. го замолила својот пријател да ја одвезе до нејзиниот автомобил, но тој тргнал во спротивниот крај од градот.

-Му кажав дека одиме во погрешен правец, но тој не реагираше. Тогаш го замолив да го запре автомобилот за да излезам, но не сакаше, напротив, уште толку побрзо започна да вози. Тогаш ја отворив вратата додека автомобилот беше во движење, меѓутоа успеа да ме спречи да скокнам, раскажала Србинката.

Според нејзините зборови, Канзас тогаш побеснал и започнал да ја удира.

-Ми удри неколку шлаканици и ме удираше по главата и по телото. Се борев со него и некако успеав по втор пат да ја отворам вратата и да ги извадам нозете. Тогаш ме фати за коса и ме повлече внатре. Толку силно ме повлече што ми откорна неколку прамени коса, раскажала вознемирената С.Б. Таа успеала да се спаси откако се доближиле до раскрсница па насилникот морал да забави.

-Дури по третиот обид успеав да излезам од автомобилот. За среќа догледав такси и веднаш влегов и му кажав на таксистот да ме носи во полиција. Им го дадов на полицајците бројот на неговата регистрациска табличка па брзо го уапсија, завршила Србинката која се здобила со повреди на левото око, на бутовите, модрици на рацете, расекотини по нозете и искубана коса.

Канзас С. е обвинет за спречување на младата девојкада го напушти автомобилот како и за сите горенаведени повреди кои и ги нанел. Бидејќи не се појавил на првото рочиште, судењето е одложено за 17-ти јули, изјавиле од судот во Дубаи за локалните медиуми.

09.07.2014 - 15:02
Фото: 
региони
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега