Топлотен бран во Атина

Градските власти во Атина денеска отворија девет климатизирани објекти во кои граѓаните можат да се засолнат од жешкото време.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, во центарот на градот, температурата веќе достигна речиси 40 степени Целзиусови.

Објектите ќе бидат отворени до 18 часот попладне и достапни се за сите граѓани. Метеоролозите прогнозираат дека ваквото време ќе продолжи и во наредните денови.

09.07.2014 - 13:26
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега