Јанкулоска работно во Милано
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска во Милано, Република Италија, ќе присуствува на европскиот министерски состанок за намалување на ризици од катастрофи.
Овој министерски состанок се одржува како дел од „Рамката за намалување ризици од катастрофи по 2015 година“, тематски насловен „Градење систем за отпор кај катастрофи на нациите и заедниците“.
Од МВР најавуваат дека во рамки на министерската средба свое обраќање ќе има и министерката Јанкулоска.
08.07.2014 - 08:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа