Седници на три собраниски комисии

 

Во македонското Собрание денеска седници ќе одржат комисиите за образование, наука и спорт, за политички систем и односи меѓу заедниците и комисијата за транспорт, врски и екологија.

На дневен ред на Комисијата за образование, наука и спорт е Предлог-законот за спортска академија во прво читање,

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе расправа по предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за катастар на недвижности, на Кривичниот законик и Предлог-законот за прекршоци, сите во прво читање. 

Челеновите на Комисија за транспорт, врски и екологија на денешната седница ќе расправаат по предлог - законите за изменување и дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, на Законот за градење и за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај.

08.07.2014 - 08:32
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа