Исплатена пензијата за месец јули
Министерството за финансии денеска ја исплати пензијата за јули. На сметките на 286.573 пензионери префрлени се 3 милијарди 577 милиони и 600 илјади денари.
Просечната пензија заклучно овој месец изнесува 12.489 денари.
-Министерството за финансии продолжи со политиката на редовна и навремена исплата на пензиите и со тоа поддршка на стандардот на оваа категорија граѓани, се вели во денешното соопштение од Министерството.
07.07.2014 - 12:42
Фото:
Либертас
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа