Скопскатта полиција направи “парче“ - казнети 173 несовесни возачи

 

Казни си заработиле и 27 возачи кои ги управувале своите возила по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола, 10 возачи кои не ги почитувале светлосно-сообраќајните знаци на крстосниците и 20 возачи на велосипед со помошен мотор, мопед и мотоцикли, кои сториле прекршоци по разни основи.

Со специјалното возило „пајак“ биле отстранети 76 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај денеска ќе реализира воспитно образовна активност со деца од предучилишна возраст во детската градинка „Мајски цвет“, која се наоѓа на територијата на општина Карпош.

За денеска не се најавени вонредни настани и се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива. 

07.07.2014 - 12:26
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега