МНР: Македонецот во Либија пронајден жив и здрав

 

Maкедонското Министерството за надворешни работи ги потврдува информациите дека македонскиот граѓанин на работа во Либија, Милјазин Гафури од Ново Село, Боговиње, е ослободен и се наоѓа во Италијанската амбасада во Триполи.

-Гафури и неговите двајца колеги од фирмата во која што работи се водеа како исчезнати од 05.07 наутро. Министерството за надворешни работи би сакало да се заблагодари на одличната соработка на италијанските, либијските и босанските власти, стои во ддененшнто соопштение од македонското МНР.

07.07.2014 - 11:53
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега