СОРОС помага во ширење на тензија преку албанските портали кои ги финансира
Полугата на Фондацијата Отворено општество- Македонија, попозната како СОРОС во која се вклучени портали и интелектуалци кои се финансиски помогнати од оваа Фондација, потпомага во ширењето на тензија поврзано со протестите околу случајот „Монструм“ и одлуката на првостепениот суд за шест доживотни казни затвор за монструозното убиство кај Смиљковското езеро, пишува денеска порталот Курир.
Фондацијата Отворено општество- Македонија, пишува Курир, со години инвестира во мрежа на медиуми на албански јазик и има делумно влијание во публикувањето на вести и јавно мнение на албанската јавна сцена, што може да се забележи и по текот на финансиските средства.
-Откако се случија протестите по пресудата за петкратното убиство, најгласни во ширењето тензија беа албанските порали „Лајм“ и „Порталб“, финансирани од СОРОС на Владимир Милчин. Минатата 2013 година, „Порталб“ доби 40. 977 евра донација од СОРОС, а на страницата на Институт Отворено општество во делот на партнери на организацијата е посочен токму овој портал, што укажува на тоа дека „Порталб“ е чедо на СОРОС, пишува Курир.
Весникот ЛАЈМ, се вели во статијата, за една година има добиено 26.406 евра од грантовите за медиуми доделени од Сорос во 2013 година. Од друга страна, во текстовите на овие албански медиуми се вклучени и веќе познатите Албанци кои со години се поврзуваат со оваа Фондација. како Ким Мехмеди кој се појавуваше на трибините на ГЕМ, дежурниот критичар на власта Мерсел Биљали кој е исто така активен во ГЕМ, а не изостанува ниту Алберт Муслиу.
-Шемата фунционира на тој начин што голем дел од написите на албанските медиуми се превземени токму од порталите и медиумите финансирани од Фондацијата Отворено општество. По нивното објавување во албанските медиуми , информациите подоцна се објавуваваат на Плусинфо, Либертас, А1 он, Скај, медиуми кои исто како и Порталб и Лајм се на листата на СОРОС за доделени грантови. Најчесто во пренесните информации нема ниту извор, ниту пак потврден факт, туку само шпекулации и манипулирање. „Доколку протестите бидат сфатени како „Монструм“, ситуацијата може да ескалира“ – ова е само еден од тензичните наслови na „Порталб“, каде свој став изнесуваат аналитичари кои важат за дежурни критичари на власта и кога даваат свое мислење за македонските портали блиски до Сорос, пишува порталот.
Алберт Муслиу вели дека лошо изменаџираната ситуација можела да предизвика поголеми инциденти. Аналитичарот вели дека процесот „Монструм“ е изменаџиран на лош начин од сите аспекти, а секоја интервенција на полицијата по домовите била неприфатлива, пишува Курир.
-Мерсел Биљали за Порталб вели дека протестите не треба да запрат, туку тие треба да продолжат, но со дефинирани конкретни барања. Според него протестите треба добро да се организираат, да бидат јавни, да се пријават кај надлежните и да бидат масовни. Албанските медиуми, меѓу кои и порталот „Лајм“, дополнително додаваат масло на огнот со пишувања дека „Македонските затвори се наполнети со Албанци“, пишува Курир.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа