Пронајден Македонецот кој исчезна во Либија

 

Тројцата исчезнати работницци во Либија се пронајдени живи и здрави, јавува босански „Дневни аваз“.

Според информациите кои ги пласира весникот, Македонецот Емилијо Гафури, Босанецот Петар Матиќ и Италијанецот Марко Валис биле пронајдени по акцијата на италијанското МНР. Тие се живи и здрави, пишува весникот, и се пренесени на безбедна локација.

Тројцата работници исчезнаа во саботата во градод Зувари, каде работеле во италијанската фирма „Пјачентини конструкциони“.

 

Според босански „Дневни аваз“, за тројцата работници не бил баран откуп. Киднапирањето на странски државјани, пишува весникот, е честа појава во Либија.

07.07.2014 - 11:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа