ВИДЕО: Полицијата со толерантна и професионална реакција - погледнете како поминаа протестите во Тетово
Стотици демонстранти вчера излегоа на протест во Тетово поради настанатата ситуација и блокадата од страна на полицијата на патот кој води кон седиштето на ДУИ во Мала Речица. Во еден момент, демонстрантите се обиделе да го пробијат полицискиот кордон, но, полицијата ги растера употребувајќи шок-бомби.
Професионалниот и толерантен однос на полицијата, спречи поголеми инциденти.
Викендов беше мирно во другите градови низ земјава. Мирни протести имаше во Скопје, Гостивар и Кичево, каде на улица излегоа стотина граѓани. Во Струга не се организирале протести и оттаму јавно излегоа со став дека не го поддржуваат насилството кое се случи во петокот на скопските улици.
Протестите се организираат против доживотната затворска казна за случајот Монструм.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа