20-ти јули - крајниот рок за пријавување на огласот на Собранието

 

Собранието на Република Македонија и Комисијата за прашања на изборите и именувањата го дополнија огласот за ангажирање лица за повеќе јавни функции  кои се во нивна надлежност.

Со новиот оглас, како што неодамна нагласи претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Зоран Илиоски,  се бараат компетентни и високо мотивирани кандидати за позициите генерален секретар на Државната комисија за спречување на корупцијата, седум членови на Комисијата за заштита од дискриминацијата и генерален секретар на Комисијата за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. 

- Дополнување на огласот има и во однос на доставувањето на сертификатот за положен психолошки тест и тест за интегритет за места во Дирекцијата за заштита на личните податоци, Комисијата за решавање на жалби од областа на енергетиката, Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер и во Комисијата за жалби по јавни набавки, рече Илиоски додавајќи дека крајниот рок за поднесување на пријавите е 20 јули.  Сите пријавени кандидати имаат еднакви шанси да бидат примени согласно нивното  образование и искуство, без разлика на полова, верска, партиска и национална припадност

- Би сакал уште еднаш да нагласам дека ваквиот оглас за пројавување на интерес не е законска обврска на Собранието, но цениме дека на овај начин им се дава можност на што поголем број на способни луѓе да аплицираат и воедно се збогатуваат принципите на демократијата, додаде Илиоски.

06.07.2014 - 12:03
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа